
Октомври ќе биде историски месец за Северна Македонија, сигурен сум дека ќе добиеме датум за почеток на преговори, изјави вицепремиерот Бујар Османи на конференцијата “Добро управување и владеење на правото во однос на перспективите за интеграција во ЕУ” што се одржува на Универзитетот на Југоисточна Европа.
-Тоа што вчера имало долги разговори значи се третирале разликите , мислам дека има можност за решение – суштински не се непремостливи разликите, треба да продолжат разговорите. -ДУИ не беше на средбата зашто не е дел од проблемот. Имаме усогласен став во власта за законот за обвинителство.
На прашање дали ќе се активира планот Б ако нема договор со ВМРО- ДПМНЕ, Османи вели дека Консензусот е позначаен од било кои унилатерални прашања – да истраеме како за сите закони кои ги донесовме со двотретинско мнозинство како на пример од планот 369, изјави Османи.