
Британските власти во средата соопштија дека ден претходно уапсиле 86 мигранти кои со помали чамци пловеле преку каналот Ламанп во Англија, што е една од најголемите вакви акции во последните месеци.
Крајбрежната стража во средата утрото била во оперција на претражување и спасување на море во коешто учествувале повеќе бродови близу грофовијата Кент, на југот од Англија, изјави портпаролот. Едно лице со хеликопетр било пренесено во болница.
Како што наведува BBC, во оваа операција во која учествувале два брода, биле уапсени речиси 20 мигранти. Во вторникот рано утрото полицијата во два чамца уапсила 23 лица кои ги довела во Довер. Мигрантите рекле дека доаѓаат од Иран, Аваганистан, Пакистан и Филипини, се наведува во соопштението.
Околу пладнето 18 лциа, од кои 14 рекле дека се од Иран, три од Ирак и едно од Виетна, биле приведени, како и 23 мигранти од Иран и Етиопија кои биле преземени од уште еден брод на крајбражната стража. Другите мигранти се уапсени откако веќе се истовариле на британскиот брег.
Истакувајќи ја опасноста од ваквите патувања, портпаролот на британското министерство за внатрешни работи рече дека нив ги организираат криумчарите со луѓе кои не се грижат за човечките животи. Додаде дека тесно соработуваат со француските власти во сузбивањето на овие илегални активности.
Од јануари 1.500 мигранти се обиделе да го минат Ламанш, објавија франциските поморск ивласти, а во целата претходна 2018 година тоа се обиделе да го сторат речиси трипати помалку, односно 586 луѓе. Најочајните се обидуваат дури и да го препливат каналот чијашто должина кој во најтесниот дел изнесува триесетина километри.