Серија експлозии и пожар во магацин со муниција на Северен Кипар

Пожарот по серија експлозии во складиште за муниција во турскиот дел од Кипар е локализиран и започната е истрага за инцидентот, соопшти во четвртокот утрото туското министерство за одбрана.

Како што соопшти претходно министерот за внатрешни работи на непризнаетата Турска република Северн Кипар, Кудрет Озерзај, неколку лица се повредени од парчињата стакло како резултат на експлозиите. Поради претпазливост, властите ги евакуирале жителите во областа на инцидентот, каде што утрото пристигна и челникот на купарските Турци, Мустафа Акинчи.

„Пожарот во артелириското складиште во воената зоја во Гирна (Киринија) е локализиран. Се утврдуваат причинита за првата експлозија која се случи во 1,30 часот на 12-ти септември“, се вели во соопштението на министерството.

Притоа се истакнува дека во инцидентот нема жртви. Акинчи, пак, додаде дека ситуацијата е ставена под контрола.

„Тесно контактираме со властите на Турција, но нема причини за загриженост. Потполно ја контролираме ситуацијата“, го цитира агенцијата Anadolu челникот на кипарските Турци.

Кипар де-факто е поделен меѓу грчката и турската заедница со инвазијата од 1974 година. Во 1983 година беше прогласена Турската република Северен Кипар, која е непризнаета од меѓународната заедница. Преговорите меѓу двете заедници за повторното обединување на Кипар се водат со посредство на Обединетите нации. По неуспехот на последниот круг преговори во 2017 година, се водат консултации за нивно заживување.