„Ефектите од воведените електронски услуги во ФЗОМ“, е тема на излагањето на директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкoва на 27-тото по ред советување на правниците од здравството на Македонија. Советувањето е во организација на Здружението на правници од здравството на Република Македонија.
Овој стручен собир се одржува во хотел Инекс Дрим во Струга, од 22 – 24 мај 2014 година и на него покрај правници, директори на здравствени установи, економисти, доктори, административни работници членови на синдикати, членови на управни одбори, членови на комисии на јавни набавки и други заинтересирани лица, учествуваат и стручни лица од Фондот за здравствено осигурување на Македонија кои ги презентираат новините во медицинската рехабилитација како и продолженото болничко лекување и олеснувањата во начинот на упатување на пациентите на повисоко ниво на здравствена заштита.
Како што истакна директорката Парнарџиева -Змејкова, бенефитот од имплементирањето на електронските услуги на Фондот е огромен и претставува вистинско олеснување, како за осигурениците и матичните лекари, така и за здравствените установи, но и за фирмите.
„Со овие електронски услуги Македонија е лидер во регионот во електорнското работење. ФЗОМ со својот електронски систем овозможува повеќе од 30 е-услуги за осигурениците, здравствените установи и фирмите,“ изјави Парнарџиева-Змејкова.