
Специјалното јавно обвинителство денеска донесе одлука да постапи по барањето на Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески и предметите на ова обвинителство да ги предаде на Републичкото јавно обвинителство.
Ова е одлуката која штотуку ја донесе колегиумот на СЈО. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.
За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително, стои во соопштението од СЈО.