Во пресметка за видео еден убиен и петмина ранети во Канада

Несогласувањата меѓу неколку групи млади луѓе околу видео била причина за престрелката во градот Мисисага, во канадската покраина Онтарио, во која загинал еден тинејџер а уште пет други се ранети, пренесува во неделата телевизијата CBC.

Инциденетот се случил во саботата вечерта, и првично биле пријавено за една жртва и четворица ранети, а при испрашувањето на очевидците било откриено дека конфликтот започнал меѓу групите поради несогласување околу видео-клип на неименуван рапер, кој бил емитуван минатата седмица.

Во престрелката загинал 17-годишен тинејџер, кој според првичните сознанија немал никаква врска со лицата кои пукале. Натсрадала, исто така, 13-годишно девојче, 16-годишна девојка, две 17-годишни момчиња и 50-годишна жена. Сите се хоспитализирано, но нивните животи не се во опасност.

Во моментов полицијата трага по седум лица кои побегнале од местото на настанот, за кои се сомнева дека се вооружени со полуавтоматско оружје. Постои загриженост за јавната безбедност, но полицијата ја блокира областа и нема причина да се верува дека осомничените ќе се вратат, рекол портпаролот на полицијата во Мисисага,.

На местото на престрелката полицијата открила повеќе од 100 чаури од разно огнено оружје, вклучително и автоматски пушки, па вистинско чудо е што пресметката завршила само со една жртва и петмина настрадани,