Телефонски разговор на Помпео со ирачкиот премиер

Ирачкиот премиер Адел Абдул Махди телефонски разговорал со амнериканскиот државен секретар Мајк Помпео, соопшти неговиот кабинет без да прецизира што била тема на дискусијата.

Ирачките власти вчера негираа дека територијата на нивната земја била користена за изведување напади врз нафтени објекти во Саудиска Арабија.

Припадниците на јеменското племе Хути вчера ја презедоа одговорноста за нападите со дронови врз погоните на компанијата „Сауди Армако“, соопшти воениот портпарол на Хутите.

Локалната телевизија Ал Масирих, блиска до оваа бунтовничка група, јави дека Хутите употребиле 10 дронови за напади врз нафтените постројки и ветиле дека ќе ги прошират нападите врз Саудиска Арабија, која ја предводи коалицијата против нив во Јемен.

Саудиска Арабија претходно соопшти дека две нивни постројки биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари, но не наведе кој стои зад нападот.

Пожари избувнаа во рафинеријата на Армако и на нафтеното поле Хураис.