Филмот „Џезмен“ на Аљоша Симјановски кој премиерно беше емитуван на ИФФК „Браќа Манаки“ наскоро ќе биде прикажан и во Скопје на „Скопски џез фестивал“.
За филмот посветен на Велибор Педевски, голем љубител на џезот, денеска на прес-конференција говореа авторот Симјановски и директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска.
-Филмот е снимен на неколку локации во Скопје, Њујорк, Софија, Белград…Во моментот кога созреа идејата да се направи филм за Велибор Педевски, едната линија на филмот беше „live story“, другата е џезот како форма и третата е новите технологии во музиката и џезот. Снимивме 10 големи ѕвезди на џезот и сите одговорија на сценаристичката замисла. Имаме квалитетна фотографија, имаме техника која е врвна, а МРТВ, благодарение на Велибор Педевски ја има најголемата архива за џезот, истакна Симјановски од фестивалскиот прес центар во Битола.
На јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“ освен програми за возрасните се реализираат и проекции за најмладите кои денес го гледаа филмот „Дива Вештерка“, потоа учествуваа и на детска работилница со наслов „Нацртај го својот омилен цртан јунак“.