Швајцарија е земја со најотпорна економија

Силните економии ги прават државите моќни, а моќноста ги прави да бидат отпорни на најголемите кризи.

Индексот на макроекономска отпорност покажува дека Швајцарија е земја со најголема економска отпорност. Ја следат Канада и САД, а најголем пад на отпорноста има во земјите на еврозоната.

Анализирајќи 31 земја , швајцарскиот институт Swiss Re и Лондонската школа за економија добиле резултат кој покажува дека 80 отсто од земјите во 2018 година биле ранливи на економска криза, за разлика од 2007 година.

Според Извештајот, главни причини се исцрпеноста на опциите и инструментите на монетарните политики во многу развиени земји и предизвици кои стојат пред банкарскиот сектор и покрај тоа што финансиските институции денес се посилни отколку на почетокот на кризата.

Италија и Грција се земјите кои бележат најголем пад на отпорноста, а Азија и Океанија имале мошне стабилен резултат.