Шпанија ќе одржи повторни парламентарни избори на 10 ноември, соопшти вршителот на должност премиер Педро Санчез откако не успеа да обезбеди доволна поддршка да биде потврден на функцијата премиер.
– Невозможно е да се исполни мандатот што ни го довери шпанскиот народ на 28 април, рече тој и додаде дека тоа го оневозможиле опозициските партии.
Тој повторни дека во Конгресот не постои мнозинство кое гарантира формирање влада и затоа е неопходно повторување на изборите.