
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Ш.(50) од Гостивар и С.В.Х.(27) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 11.09.2019 на ул.„Илија Антески Смок“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес во куќата во која престојувала второпријавената, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од хероин. Додека, при претрес во домот на првопријавениот бил пронајден и одземен хероин.