
Претседателот на САД Доналд Трамп се потпиша на новоизградениот дел од ѕидот на границата со Мексико, наврекувајќи го „безбедносен систем од светска класа“ кој ќе биде практично непробоен.
Трамп го посети градилиштето на граничниот ѕид во областа на Сан Диего. Пред да започне изградбата на ѕидот, проблематичната граница во близина на Сан Диего беше заштитена со лим кој лесно беше пробиван од илегалните мигранти.
На одредени места имаше и подебел слој, меѓутоа мигрантите и него го пробиваа со алати и нелегално упаѓаа на територијата на Соединетите Американски Држави. Овојпат тоа ќе се смени со изградбата на ѕидот кој Трамп со години го најавува.
„Ѕидот беше од обичен лим и луѓето едноставно го рушеа“, изјави Доналд Трамп говорејќи за почетниот слој кој сега е заменет од „фамозниот“ ѕид.
Досега се изградени 106 километри ѕид, а уште 403 километри се во различни фази на изградба.
Изградбата на ѕидот долж границата со Мексико беше едно од главните ветувања во претседателската кампања во пресрет на изборите во 2016-та година. Трамп најпрвин вети дека ѕидот ќе мора да го изгради Мексико, а во изминативе години имаше бројни проблеми околу обезбедувањето на средства за изградба на ѕидот.