
Иранките во иднина ќе може да ги гледаат меѓународните фудбалски натпревари на стадионите, најави во четвтртокот иранскиот министер за спорт.
„Сѐ е подготвени за жените да можат да дојдат на стадион, но на почетокот само на меѓународните натпревари“, изјави министерот за спорт Масуд Солтанифар.
Подготвени се одвоени влезови, трибини и тоалети на стадионот „Азади“ во Техеран, на кој иранската фудбалска селекција ги игра повеќето свои натпревари и на кој следниот месец ќе биде домаќин на квалификациите за Светскот првенство.
Зголемен ќе биде бројот на полицајците кои ќе го осигуруваат безбедното влегување и заминува на жените од стадионот, додал Солтанифар.
На жените во Иран изминатите четири децении им беше забранет влезот на стадионите. Неодамна една жена смртно настрада откако се самозапали протестирајќи зашто добила затворска казна поради обидот да следи клупски натпревар.
Иранскиот претседател Хасан Роухани го поддржува укинувањето на законот, но е немоќен пред упорноста на влијателните верски челници кои сметаат дека атмосферата којашто владее на стадионите е несоодветна за жените.
Забраната не ја поддржува светската фудбалска асоцијација ФИФА која би можела на Иран да му се закани со санкции, па дури и да го исфрли од Светското предвенство во 2022 година, доколку забраната и натаму остане на сила.
„Верувам дека иранската фудбалска федерација и ранските власти ќе излазат пресрет на нашите повторени повици за решавање на неприфатливата ситуација. Нашиот став е цврст и јасен. На жените мора да им се дозволи влезот на стадионите во Иран. Разбираме дека е потребно да се преземат некои мерки пред тоа да се направи на прифатлив и безбеден начин, но сега е времето работите да се променат. ФИФА очекува позитивен развој на настаните уште во октомври на следниот меч кој Игран го игра како домаќин“, рече во четвртокот претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Иран е домаќин на Камбоџа на 10-ти октомври во натпреварот за квалификациите за Светското фудбалско првенство кое во 2022 година ќе се одржи во Катар.