Според „Евростат“, 31,2 милиони жени и 9,5 милиони мажи на возраст од 20 до 64 години работеле на половина работно време во Европската Унија во 2018 година, односно 19 проценти од сите вработени.
Испитаниците рекле дека главната причина поради којашто работат на половина работно време е бидејќи „не можат да најдат работа на полно работно време“ (26 %), како и поради „чувањето на деца или луѓе со инвалидитет“ (24 %). 36 % од мажите рекле дека работат на половина работно време поради тоа што не можат да најдат работа на полно работно време, за разлика од жените кои изнесуваат 23 %. Од друга страна, работењето на половина работно време поради чување на деца и инвалидизирани луѓе било повеќе забележано кај жените (29 %) отколку кај мажите (6 %).
Работењето на половина работно време е највисоко во Грција, а најниско во Естонија.
Во земјите членки на Европската Унија, уделот на луѓе кои работеле половина работно време бидејќи не можеле да најдат работна на целосно работно време значакно варирал. Најголема стапка била забележана во Грција (70 %), потоа Италија (66 %), Кипар (65 %) и Бугарија (59 %). Најмалата стапка била забележана во Естонија (6 %), потоа во Белгија, Чешка и Словенија (7 %) и Холандија (8 %).