Путин: Стандардите на ЕУ ќе направат од Украина земјоделски додаток

Претседателот на Русија, Владимир Путин, одржува голема прес-конференција на која директно одговара на новинарски прашања, пренесе „Интерфакс“.

„Ако Украина ги прифати техничките стандарди на ЕУ, ништо нема да можат да ни продадат. Таа ќе стане така наречен ‘земјоделски додаток’. Сметам дека токму тоа ги загрижува украинските колеги денес“, изјавил Владимир Путин.

„Слична е ситуацијата во индустријата. Мотори за хеликоптери речиси 100 отсто купуваме од странство, вклучувајќи и од Украна. Сега почнавме да градиме втора фабрика за авио-мотори крај Санкт Петербург. Каде ќе се продаваат во Европа ли? Се сомневам. Сигурно е можно, но многу тешко“, истакнал Путин.