Ден Дончев признава дека е во спрега со обвинителството да го поништи договорот

Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување на  денешната прес-конференција, која беше организирана за правдање пред јавноста за аферата „Рекет 2“, заврши како целосно фијаско за власта.

Дончев во исклучително збунивачки настап отктри „повеќе од што требаше“, па така изнесе информација дека и кажал на шведската компанија која сакала да го купи „Диамед“, дека против неа има истрага, со тоа и директно повредувајќи ја тајноста на истрагата.

На прашањето дали во писмото кое го пратил Дончев до Швеѓаните стоело дали се водело истражна или предистражна постапка, тој рече дека во првото писмо пишувало дека ќе се води истрага, по првичното негирање.

„Значи вие сте ја измамиле шведската фирма дека во моментот се води истрага“, праша новинарот. На што Дончев одговори дека само им кажал за намерите да се води истрага. По што новинарот во потпрашање запраша дали всушност Дончев знаеле дека ќе се води истрага, на што тој кажа апсолутно да.

Дончев претходо рече дека немало никаква злоупотреба во врска со шведската компанија , за која опозицијата го обвини дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче спречиле влез на оваа компанија во земјата.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување , Ден Дончев рече дека немало никаква злоупотреба во врска со шведската компанија , за која опозицијата го обвини дека заедно со министерот Филипче спречиле влез на оваа компанија во земјата.

„Во интерес на пациентите, кои заслужуваат квалитетна дијализа , беше избрана компанија со најдобра понуда. Нема никаков криминал , ниту попречување за влез на компанијата ’Диаверум’ , со која не сум имал директен контакт , туку само две писма до шведската амбасада“, рече директорот на ФЗОМ на прес-конференцијата во Владата.

Дончев децидно отфрли дека имал каков било контакт со компанијата „Диаверум“ од Шведска, како што тврди поранешната сопственичка на „Диамед“, Вера Ивановска која поднесе кривични пријави против Дончев и министерот Венко Филипче.

„Мојот клиент смета дека е оштетен, поради водењето на кампања против продажбата од страна на директорот на ФЗОМ и министерот за здравство со цел истите да остварат корист а на неа штета. Докази има, разговорот меѓу Филипче и директорот на Диавериум. Како и да одлучи Обвинителството, ќе ги искористиме сите инстанци да вистината да се дознае, рече во средата адвокатот Звонко Давидовиќ, застапник на Ивановска.

На денешната конференција за медиумите, Дончев избегна да одговори и на прашањето дали се познава со осомничениот во „Рекет“, Зоки Кичеец

„Јас не знам што е релевантен тој во ова. што сакате да кажете? Ви одговорив на прашањето, следно прашање ве молам“, рече Дончев.

На прашање дали е точно дека Дончев заедно со Зоки Кичеец вршел притисок наместо на „Диаверум“, комоанијата „Диамед“ да се продаде на албанска компанија, директорот на ФЗО тврди дека во врска со продажбата немал ниту една средба со „Диамед“. Кусо рече дека имале две средби со претставници на „Диаверум“, во Владата и во министерство, а освен тоа биле испратени две писма.