8.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Променливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во државава.

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во текот на следната работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.