
Толпата во Индија убила маж бидејќи наводно заклал крава, објави во понеделникот тамошната полицијa , во последниот од низата инциденти кои се однесуваат на ова свето животно во мнозински хиндуистичката земја.
Мноштвото луѓе нападнале тројца мажи во неделата, обвинувајќи ги дека заклале крава во шумата, 50 километри од Ранчи, главниот град на сојузнаа држава Џарканд.
Селаните ги претепале до смрт, велат во полицијата. Еден починал од повредите, а другите двајца се сериозно повредени. Поради убиството уапсени се осум лица.
Кравите според хиндуизмот се свети животни и верниците често ги напаѓаат оние кои ги убиваат поради месото и кожата, главно малцинските муслимани или припадниците на пониските касти.
Во април годинава припадник на христијанската пеменска заедница Пракаш Лакра беше убиен во линч на толпа, поради тоа што заедно со другите жители на селото „сечеле мртов бик“ во селото Џурмо во округот Гумла. Во овој случај полицијата забележала за нарушување во однос на законот за забрана за колење говеда.
Но тројцата нападнати во неделата не биле муслимани, соопшти полицијата.