![82710](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/82710.jpg?resize=300%2C240&ssl=1)
Бизнис секторот побара стечајните постапки да траат 90 дена. Тие очекуваат државата да го измени законското решение и да го определи рокот. Предлогот денеска беше презентиран на трибина пред судии, адвокати, изврштители, нотари.
Експертите решението го гледаат во формирање на трговски суд, специјализран за економски прашања. Тие велат дека на овој начин ќе се намали времетрањето на постапките, но и ќе се зголеми ефикасноста.
Токму рестартирање на дел од погоните на фабриките кои биле под стечај е еден од моделите со кои државата го таргетира странскиот капиатал за стартување на т.н браудфил инвестиции.