
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(25) од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
„На 20-ти, овој месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Кратово, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од марихуана“, информираат од МВР