Помпео им благодари на ‘блиските пријатели’ во Европа, ги повикува и другите да го осудат Иран

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази благодарност до Германија, Франција и Велика Британија откако овие три земји објавија заедничко соопштение во кое наведуваат дека Иран ја „понесува одговорноста“ за неодамнешните напади врз саудиските нафтени постројки и ги повика сите држави да се придружат во осудата на иранските постапки.

„САД им се заблагодаруваат на блиските пријатели Британија, Франција и Германија за јасно изразениот став за исклучивата иранска одговорност за воениот акти против Саудиска Арабија и неговото влијание на регионот и светот. Тоа ќе ја зајакне дипоматијата и тежнеењата кон мир. Ги повикуваме сите држави да се придружат во осудата на иранските постапки“, напиша американскиот државен секретар Мајк Помпео на Twitter.

Германија, Велика Британија и Франција во понеделникот им се придружија на САД во обвинувањата на Иран за нападите врз саудиските нафтени постројки, повикувајќи го Техеран да се согласи на нови разговори со светските сили за неговите нуклеарна и ракетна програма, како и за регионалните безбедносни прашања. Европските челници објавија заедничко соопштени откако на маргинтие на Генералното собрание на Обединетите нации се сретнаа британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Меѓутоа Иран ја отфрла можноста за нови прегогвори, напиша на својот Twitter профил иранскиот министер за надворшни работи Мохамад Џавад Зариф. Порача дека европските партнери не ги исполниле своите обврски од нуклеарниот договор од 2015 година кој Техерен во Виена го склучи со шесте светски сили, а од кој во мај 2018 година еднострано се повлекоа САД наметнувајќи нови санкции против Иран кој, пак, возврати со суспендирање на дел од своите обврски преземени со договорот.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој со иранскиот колега по должност Хасан Роухани се сретна непосредно по објавата на соопштението, во 90-минутниот разговор порачал дека посторот за намалување на напнатоста во регионот се намалил и дека настапил моменто кога Иран треба да помогне во ублажување на кризата, соопшти Елисејската палата,

Трите европски земји потписнички на нуклеарниот договор се обидуваат да ги смират тензиите меѓу Вашингтон и Техеран од минатата година, кога американката страна се повлече од него. САД тогаш на сила ги вратија и заострија санкциите на што Иран возврати со ограничувањето на своите обврски и го одреди октомври како меец во кој дополнително ќе ги напушти доколку европските потписнички не го спасат договорот со заштите на иранската економија од американските санкции.

„Време е Иран да ги прифати преговорите во долгорочна рамка за својата нуклеарна програма, како и за прашањата поврзани со регионалната безбеднот, вклучително и ракетните програми и другото оружје“, соопштија Лондон, Берлин и Париз.

„За нас е јасно дека Иран е одговорн за овој напад. Нема друго веродостојно објаснување. Им даваме поддршка на сегашните истраги за да се октријат дополнителни детали“, порачаа трите европски држави.

Макрон во текот на летото ја предводеше иницијативата за наоѓање компромис меѓу САД и Иран, и сака да го искористи настанот во ОН како можност да се оживее дипломатијата, иако неговиот обид поселдниот периот тапка во место. Запрашан за посредувањето на Макрон, американскиот претседатело Доналд Трамп одговори дека на САД „не им е потребен посредник“. „Иран знае кому треба да му се јави“, истакна.

Специјалниот американски пратеник за Иран, Брајан Хук, во понеделникот во Њујорк откри дека САД планираат да го засилат притисокот врз Техеран. САД тоа ќе го сторат преку дипломатијата и мултилатералните канали, а улога ќе има и Советот за безбедност при ОН, истакна Хук, без да открие повеќе поединости.

Британскиот премиер Џонсон во понеделникот во разоворот за американската телевизиска мрежа NBC News, рече дека Трамп е „тој кој ќе постигне подобар догово“,. „Се надевам дека ќе има Трампов договор“, рече.

Американскиот претседател и претходно даваше сигнали дека е отворен за средба со иранскиот колега во текот на нивниот престој во Обединетите нации, но тоа засега се чини невозможно.

„Овојпат уште не добивме барање за средба, но дадовме до знаење и дека самото барање нема да биде доволно. Преговорите мора да имаат причина, цек, а не да се одржат само поради ракување“, порача шефот на иранската дипломатија Зариф во Њујорк. Како услови за средбата ги наведе укинувањето на американските санкции, и истакна дека таа нема во никој случај да биде билатерална, туку меѓу САД, Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина, кои се потписнички на договорот од 2015 година.

Иранскиот претседател Хасан Роухани во Њујорк порача дека иранската порака до светот е „мир и стабилност“, како и дека „ситуацијата во Персискиот залив е многу чувствителна“, пренесе ранската службена новинска агенција IRNA.