Пратеникот на СДСМ Благојче Трпески делеше „правда“ по гостиварските улици

Пратеникот на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески, во видна алхолизирана состојба денес по гостиварските улици делеше правда.

Имено, физички нападнал граѓанин на Гостивар кој со своето малолетно дете го паркирал автомобилот. Освен физичкиот напад, на граѓанинот му е искршено и ветробранското стакло на автомобилот од страна на пратеникот.

Сето тоа се случувало пред очите на малолетно дете.

Случајот е пријавен во гостиварската полиција.