
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека британската фокусираност на Брегзит го подрива водството на таа земја во глобалните прашања.
– Ги гледаме нестабилноста и предизвиците низ кои и натаму минува Велика Британија, затрупана со овој проблем, изјави Трудо од кого беше побаран коментар за одлуката на британскиот Врховен суд дека суспензијата на Парламентот била нелегална.
– Секако жалиме што ова прашање толку многу ги ангажира што се меша во нивната способност да предводат многу нешта за кои лидерството на Велика Британија во светот е толку неопходно, истакна канадскиот премиер.