Без струја денеска делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај

Поради технички зафати во дистрибутивната електро- мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Илинден, Центар и Сарај.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од населба Лисиче од улицата „Архитект Сотир Томовски“ во општина Аеродром, од 08:00 до 17:00 часот, корисниците од населба Илинден, фирмите „Суташ“, „ДМ-транс“, Живинарска фарма „Птичеводство“ и „Волво“ сервис во општина Илинден.

Како што соопшти РЦУК, од 09:00 до 11:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улицата „Максим Горки“ броевите 3,5, 7 и 9, а од 09:00 до 14:00 часот корисниците од улиците: „Дебарца“ и „Антоние Грубишиќ“ во општина Центар.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Глумово, ПС Глумово, Водни пумпи Глумово, село Шишево, село Матка, Бис оил, Адриус, Тиамо, дел од Сарај, Викенд Матка, Одмаралиштето Матка и Музеј Матка, во општина Сарај.