Делови од Чаир денес ќе останат без вода

Прекин во снабдувањето со вода денеска ќе имаат корисниците од улиците „Љуба Стојковиќ“, „Ферид Заири“, „Браќа Реџепагиќ“ и „Дижонска“ во населбата Чаир.

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект ф-80мм на ул. „Љуба Стојковиќ“ бр. 35.