Тројца странски државјани уапсени на граничните премини

Вчера во 13.10 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од слобода бил лишен M.K.(60) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ – зелена карта. М.К. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Претходниот ден во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен A.Г.(31) од Косово, поради тоа што при контрола приложил македонска патна исправа на име Р.А.(25) од Скопје. А.Г. бил предаден на полициски службеници во Прифатниот центар за странци Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 11.50 часот на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен П.С.(23) од Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило „јагуар“. П.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.