
Директорот на болницата „8 Септември”, Христијан Костов, вели дека вчера немало физички инцидент, туку вербален конфликт помеѓу докторите на Одделот
за интензивна нега и роднини на починато лице. Тој демантираше натписи од медиуми кои тврдеа дека имало протест пред неговата канцеларија во болницата.
„Пациентот е примен вчера во 14 часот. Од страна на дежурната екипа на болницата беше спроведена целата потребна дијагностика и третман на пациентот. Но, поради неговата лоша состојба, срцеви проблеми, хронични бубрежни проблеми, ноќта околу 23 часот почина“, информираше Костов.
Тој потенцираше дека до вербалниот конфликт дошло откако семејството било известено за смртта на пациентот. Во тој момент, обезбедувањето повикало полиција. „Немало физичка пресметка, само вербални моменти.
„Нема конкретни причини. Самата вест дека пациентот починал влијае на роднините и во тие први моменти, некои ја доживуваат агресивно, а други прибрано. Имаме конкретен записник од страна на полицијата, ако ве интересира во детали,
обратете се во полицијата. Излезе во јавноста дека имало протести. Тоа го
демантирам. Персоналот го повикав јас. На мое инсистирање, го повикав целиот дежурен персонал да си кажат што имаат. Во овој случај пет-шест луѓе насила влегле во Одделот за интензивна нега. Со нив било и нашето обезбедување, ама роднините биле побројни, а набрзо дошла и полицијата. Мислам дека сите здравствени установи треба да се добро заштитени“, вели Костов.
Болницата побарала да се изврши обдукција на телото, како што налага законот, но роднините самоиницијативно го зеле телото на починатиот. Костов вели дека полицијата со судските органи ќе треба да одлучат дали обдукцијата ќе
треба да биде извршена. Тој објасни дека според законските прописи, мора да се изврши обдукција кај секое лице кое ќе почине во рок од 24 часа.
https://www.facebook.com/360stepeni/videos/2243349532458953/?t=0