На денешната собраниска седница обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски. Тој кажа дека основна критика на стопанствениците и на експертската јавност за ребалансот на Буџетот е кратењето на капиталните расходи за 53 милиони евра.
-Основна критика на македонските стопанственици и на македонските експерти по економија кон овој ребаланс на буџет е кратењето на капиталните расходи за 53 милиони и нивна пренамена во непродуктивни трошоци – потенцираше Димовски.
Димовски исто така додаде дека проекти има но дека проблемот е во неработењето на владата што резултира со нереализација на тие проекти.