Тешко повреден маж во сообраќајна несреќа во Скопје

Синоќа на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило и моторцикл управуван од 35-годишен скопјанец.

Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот.