Авганистанските избори минаа релативно мирно, но со слаба излезност

Строгите безбдносни мерки гарантираа дека авганистанските претседателски избори во саботата да мината во релативен мир, иако излезноста на гласачите била мала, изолираните помали напади и поплаки за нерегуларности го згорлемуваат стравувањето дека исходот ќе биде нејасен и може да ја одведе земјата во натамошен хаос.

Прелиминарните резултати не се очекуваат пред 17-ти октомври, а конечните резултати ќе бидат објавени на 7-ми ноември. Доколку ниеден кандидат не освои 51 отсто од гласовите, ќе се одржи втор круг од изборите во кој ќе учествуваат двајцата водечки кандидати.

Талибанските бунтовници нападнаа неколку избирачки места во разни делови од земјата, настојувајќи да го попречат изборниот процес, но големите безбедносни мерки спречија поголемо насилство, какво што ги одбележуваше претходните избори.

„Ова беа најчесните и ‘најздравите’ избори во однос на претходните“, рече Хава Алам Нуристани, шеф на Независната државна изборна комисија (IEC), по завршувањето на гласањето кое на некои места беше продолжено за два часа за да се отстранат техничките недостатоци.

Десетици илјади Авганистанци покажаа смелост да излезат на избирачките места и покрај тоа што бунтовниците се закануваа со напади, а ги попречи и подоцното отворање на биралиштата. Ова беше голем тест за способноста на владата која ја поддржува Западот, во настојување да се заштити младата демократија од талибанските обиди да биде попречена во таа намера.

Министерството за одбрана извести дека во бунтовничките напади смртно настрадале двајца полицајци и еден цивил, како и дека се повредени 37 лица.

Ширум земјата се распоредени десетици илјади војници за да ги заштитат избирачите и избирачките места. Функционери на државната изборна комисија веднаш не ги соопштија податоците за излезноста, но западните дипломати во Кабул проценуваат дека таа е ниска поради стравот од насилството и задоцнетото отворање на некои гласачки места. Независни набљудувачи и активисти рекоа дека бавното темпо на гласање на некои места предизвикал забуна, а пред избирачките места се формирале долги редици.

„За првиот гласач ни беше потребна 31 минута, но кај секој следен беше полесно, сѐ беше готово за пет минути, а потоа просечно 3 минути и 30 секунди“, рекол набљудувачот Нишанк Мотивани, кој бил стациониран во главниот град Кабул.

Талибаните, кои под своја контрола држат поголем дел од авганистанската територија поголема и од кој и да е периодот од моментот кога беа соборени од власта со меѓународната инвазија предводена од САД во 2001 година, претходно ги предупредија речиси 9,6 милиони гласачи да останат дома или ризикуваат тешки последици.