Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи претпладне во неделата на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Филип Втори Македонски“ кај зградата на Собранието, што предизвика времен застој во центарот на главниот град.
Од МВР за МИА изјавиле дека во 10,15 часот претпладне дошло до судир помеѓу товарно моторно возило „ситроен јампер“ и патничко возило „опел“, двете со скопски регистерски ознаки. Со телесни повреди се здобил возачот на „опелот“ кому му е укажана помош во Градската болница „Св.Наум Охридски“.