На Трамп ќе му биде понудена стратегија за справување со заканата од импичмент

Советниците на Белата куќа во понеделникот може да ги претстават опциите за стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со почетокот на процедурата за импичмент, објави во неделата телевизијата NBC, повикувајќи се на информирани извори.

Според соговорниците на телевизијата, меѓу оние кои на претседателот ќе му понудат „план за брза реакција“ се вршителот на должноста шеф на персоналот на Белата куќа, Мик Малвејни, и правниот советник на Беалта куќа, Пат Чиплоне. Се истакнува дека советниците разработиле можна стратегија, земајќи го предвид искуството при објавувањето на импичментот за поранешниот демократски претседател Бил Клинтон.

Според изворите на NBC, Белата куќа смета дека во ситуацијата со заканата од отповикување, на Трамп може да му се помогне со внимателно испланиран правен и политички одговор.

Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговио украински колега Владимир Зеленски од последната седмица на јучли годинава, е во центарот на вниманието по медиумските извештаи дека припадник на американското разузназнавање како ткн „свирчкач“ алармирал за „несоодветно“ однесување на американскиот челник. Во средата беше објавен транскрипт од спорниот телефонски разговор, а во четвртокот и самата пријава.

Објавениот препис од разговорот потврдува дека Трамп барал од Зеленски да се испита разрешувањето на поранешниот украински државен обвинител Виктор Шокин, кој ги истражувал активностите воврска со корупција на украинската енергетската компанија „Burisma Group“, во чиј одбор на директор бил и синот тогашниот американски потрпетседател Џо Бајден, како и активностите на самиот Хантер Бајден.

Демократската партија започна кампања за импичмент за републиканецот Трамп во Претставничкиот дом на Конгресот, обвинувајќи дека барал помош од странска држава да интевренира во американските избори, преку обидот да го дискредитира најеројатниот противкандидат Бајден на претседателските избори следната година. Трамп ги негираше ваквите обвинувања.

Во меѓувреме медиумите објавија дека американскиот специјален претставник за Украина, Курт Вокер, кој е спомнат во пријавата на „свиркачот“, поднел оставка. Покрај тоа, демократите во рамките на парламентарната истрага ги повикаа да сведочат пред односниот комитет и државниот секреатар Мајк Помпео, Курт Вокер, како и личниот адвокат на американскиот претседател, Рудолф Џулијани, кој според авторот на пријавата, имал клучна улога во рализацијата на настојувањата на Трамп.