
Во Пекинг во вторникот беше одбележена 70-годишнината од создавањето на Народна Република Кина со голема воена парада во престолнината, следена со големо внимание од претседателот Кси Џинпинг.
Ова е најважниот настан годинава во Кина соочена со низа предизвици, вклучително и речиси четиримесечните антивладини протести во Хонгконг и трговската војна со САД која ја погаѓа кинеската економија.
Кси, облечен во костум кој потсетува на они кое ги носеше речиси митскиот коминистички лидер Мао Цедунг, придружуван од своите претходници Ху Џинтао и Џијанг Цемин, изјави дека Кина ќе спроведува стратегија на отворање, којашто ќе им користи на сите страни. Војската мора одлучно да го брани кинескиот суверенитет, безбедноста и развојните и интересеи, како и цврсто да го одржи светскиот мир, рече Кси во преносот на државната телевизија.
„Никаква сила не може да го потресе статусот на Кина или да ги запре кинескиот народ и анција да оди напред“, порача Кси од Портите на небескиот мир, каде што кинескиот комунистички водач Ма Цедунг на 1-ви октомвре 1949 година ги прогласи основањето на Народната Република.
Еден месец подоцна поразените националисти од Кумитангот со челникот Чанг Кај-шек бегаат на Тајван по граѓанската војна во која со комунистите се бореа за контрола над териториите ослободени по јапонската окупација. Во тие судири загинале неколку милиони луѓе.
Кси во вторникот рече дека Кина мора да ги одржува благосостојбата и стабилноста во Хонгконг и Макао, да ги развива мирните односи со Тајван и да го „продолжи тежнеењето за целосно обединување на татковината“.
Кинескиот челник чијашто програма за модернизација на армијата ги возбуди духовите во регионот, потаоа се симна од платфорамта и изврши преглед на воената опрема и на построените војници. Минувајќи крај нив во црната лимуниа, ги поздрави „Здраво другари, другари кои тешко работат! „Да се следи партијата! Да се бори за победата! Примерно да се однесува“, одговорија војниците.
Кси потоа се врати на сцената и ја следеше парадата на војниците, тенковите, дроновите, ракетите и леталата. Меѓу прикажаните оружја беа интерконтиненталните балистички ракети „DF-41“, кои се основа на кинеските нуклеарни капацитети. Овие ракети може да понесат по неколку нуклеарни боеви глави и да ја досегнат територијата на САД.