
На социјалните мрежи утрово е поставено видео на кое се гледа дека дури десетмина полицајци интервенираат за да смират разјарен маж.
Во прилогот нема податоци каде е снимен материјалот, но може да се забележи дека две полициски возила блокираат патнички автомобил и неколкумина полициски службеници безуспешно се обидуваат да го смират и веројатно да го совладаат гневниот човек. Набрзо на местото на настанот пристигнува и засилување во уште две полициски возила.