
Поранешните вработени во ОХИС и денеска преку протест ги бараат неисплатените плати, пренесува ПлусИнфо.
Тие велат дека ќе протестираат се додека Владата не одвои над 5 милиони евра за 24 заостанати плати на работниците и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.
-Недостигаат четири до пет милиони евра за да се обештетат луѓето. Со години никој не реагира на нашите барања – велат вработените од ОХИС.
Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.