2.8 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2024

Неколку месеци преостануваат до изборите, уверува Јанушев

Неколку анкети беа спроведени во изминатиов период и на сите е очигледен огромниот раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„На прашањето “ако утре се одржат парламентарните избори за која партија би гласале“, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 39,8 %, додека за СДСМ 31,2 %. ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 8 % или кога ќе се пресмета во број на гласови – околу 100.000!!!

Со анализа на податоците се доаѓа до неоспорен факт дека Мицкоски е политичарот со најголем раст на рејтингот. Имено, споредбата на податоците со анкетите од мај 2018 година покажува пад на популарноста на Заев и тоа за двојно, додека на Мицкоски се зголемила за фантастични 9,2 %.

Исто така, интересен е податокот дека огромни 66 % од граѓаните веруваат дека власта на Заев е вмешана во аферата “Рекет”!!!

Повеќе од очигледна е разочараноста и незадоволството на македонските граѓани од владеењето на криминално-рекетарската власт на СДСМ и нивниот шеф Зоран Заев!

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека Христијан Мицкоски ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во вистинска насока.

До предвремените парламентарни избори во Република Македонија преостануваат месеци, повеќе од јасно е како ќе продолжи да се движи трендот – и како што покажуваат досегашните анкети, не се исклучува можноста рејтинзите на СДСМ и на Зоран Заев да дојдат на ниво на статистичка грешка!

Како беше она “тик-так”? Месеци се во прашање!“, пишува Јанушев на Фејсбук.