Еди Рама во емисија во живо се појави со тренерки и неизбричен, со брада

Во интервју во живо, за Report TV, албанскиот премиер Еди Рама се појави со нов моден стил и по кој знае кој пат ги привлече медиумите и јавноста. Во емисијата се појави со црни тренерки комбинирани со истата боја на сако, но и со бела брада.

Тој зборуваше за одлуката на Венецијанската комисија, за отворање на преговори и за актуелната политичка криза.

„Парламентарните избори ќе се одржат во јуни 2021 година, никако порано“.

Ова е одговорот на Рама, со кој ги отфрли гласините дека може да има предвремени избори по усвојувањето на изборните реформи и најавата на опозицијата дека се подготвува за предвремени парламентарни и локални избори на ист датум.

-Изборите ќе бидат во 2021 година што се однесува до СП, дотогаш може да се случат многу нешта, но она што го знаеме денес, изборите ќе бидат во јуни 2021 година,одговори тој на новинарско прашање гостувајќ во телевизиска емисија.