Македонската влада не ѝ помага на Европската унија да донесе позитивна одлука во врска со определувањето на датим за почнување на преговорите за полноправно членство на земјата, туку напротив дава аргументи за негативна одлука.
Ова го рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во текот на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма каде со Бујар Османи каде дебатираа околу датумот за преговори, дали Македонија ќе го добие или нема.
Ситуацијата не е розева, како што сака да ја претстави Владата, има две реалоности. Едната е дека ЕУ има свои внатрешни предизвици, но втората реалност е дека Владата не ѝ помага на Европската унија, да донесе позитивна одлука, напротив ѝ дава аргументи за негативна одлука, со сето тоа што се случува во изминатиот период во Македонија, рече Николоски.
Истакна дека посакува да биде оптимист и оти за Македонија е добро да добие датум за почетокот на преговорите, но смета и дека е веројатно да се добијат предуслови и насоку од Брисел.
Јас сакам да сум оптимист и мислам дека е добро државата да добие датум за почеток на преговори, но сето тоа што го имаме како сигнал досега оди во најдобар случај и насока дека би добиле предуслови коишто можевме како еден драфт да ги видиме во препораката на германскиот Бундестаг. Коишто понатака тие би биле зацврстени во рамки на Европскиот совет и дури кога ќе се разлизираат тие предуслови, и после тоа ќе се определи датум за почеток на преговори, рече Николоски