
Битолската екипа приреди сензација ,го порази Веспрем со 26-24 и остана со максимален ефект после три меча во деби сезоната од Сеха лигата.
Првиот гол на дербито во Битола беше постигнат падна дури во 4 минута за водство на Еурофарм, а од 15-та, македонската екипа понесена од одбраните на Никола Митревски влезе во извонреден рита. Македонскиот вицепрвак трипати во 17, 20 и 25 минута имаше „плус 5“, а на полувремето замина со изненадувачки 14:8.
Во вториот дел, Веспрем се врати во игра, а гостите стигнаа до 19:19 во 47 минута, но Работник не дозволи пресврт.
Јотиќ со 8 голови беше најефикасен кај битолската екипа ,Гајиќ со 9 кај гостите. Митревски заврши со 12 одбрани. Еурофрам Работник се проби до врвот од Б групата со 9. бодови колку што има и Веспрем. Унгарците имаат меч повеќе.Во наредното коло од Сеха лигата ,Работник на 5 октомври гостува кај Загреб.
https://www.youtube.com/watch?v=qrr51fsbk4g