
Велика Британија го објави во средата ноќта својот нов план за излегувањето од членството во Европската унија, кој границата со Ирска ја остава отворена, а премиерот Борис Џонсон истакна дека единствената алтернатива на новиот план е брегзитот без договор на 31-ви октомври.
Британскиот премиер Борис Џонсон во писмото со новиот предлог до претседателот на заминување на Европската комисија, Жан-Клод Јункер му навел дека станува збор за „разумен компромис“. Истакнал дека новиот предлог „ја почитува одлуката на народот на Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ, при што прагматично се решаваат последиците од оваа одлука кои се однесуваат на Северна Ирска и Ирска“.
Британскиот премиер истакнал дека планот го „отстранува ткн ‘бекстоп’“, механизмот осмислен во договорот со ЕУ кој го постигна неговата претходничка Тереза Меј. Со него се отстранува повторното воведување на границата на Ирскиот остров, но тој, според мислењето на заговорниците на тврдиот брегзит, би можел да ја врзе Велика Британија за ЕУ на подолг период. Џонсон му порачал на Јункер дека овој план на ЕУ бил „мост кој не води никаде“. „Мораше да се изнајде нов пат“, истакнал.
Според новиот документ на седум страници, целото Обединетото Кралство би излегло од европската царинска унија, но неговата покраина Северна Ирска би останала на единствениот европски пазар кога станува збор за стоки, вклучително земјоделските и прехранбените производи. Тоа би ја отстранило потребата за проверка на стандардот и сигурноста на стоките на границата меѓу Северна Ирска и Ирска, која е членка на ЕУ, бидејќи и двете би биле дел од „регулаторната островска зона“.
Но тоа и би создало потреба од проверка меѓу Северна Ирска и остатокот од Обединетото Кралство, кој не би требало да се придржува до правилата на европскиот единствен пазар. Тоа би значело дека сите земјоделски, прехранбени и животински продукти кои влегуваат во Северна Ирска од остатокот на Кралството, би морало да минат низ гранична инспекциска станица, а стоките произведени во Северна Ирска би морале да се придржуваат на правилата на ЕУ и ќе бидат проверени на „границатата на зоната“, веројатно на Ирското Море кое ја дели Британија од својата покраина на Ирскиот остров. Покрај тоа, Северна Ирска би добила можност секои четири години да одлучува дали ќе го продолжи таквиот ангажман.
Имајќи предвид дека Обединетото Кралство излезе од царинската унија со ЕУ, тоа значи воведување царини меѓу Северна Ирска и Република Ирска, но Џонсон верува дека влијанието на тоа може да се минимизира со царинењето на стоките подалеку од границата.
Наместо воспоставувањето царински терминали или некоја друга инфраструктура на ирската граница, стоките би се декларирале електронски. Физичките прегледи, сепак, би останале „за многу мал дел од стоките“ и би можело да се вршат во складиштата или „некои други означени места кои би се наоѓале на кое и да е место во Ирска или во Северна Ирска“. Во моментов со методот на случаен примерок се прегледува секој стоти камион и има цел да се провери дали товарот се совпаѓа со она што е наведено во декларацијата.
Владината програма не прецизира како би изгледале тие „означени места“, но се истакнува дека би требало да постои „цврсто ветување (од двете страни) прегледите во иднина никогаш да не се вршат на границата“.
По телефонскиот разговор во средата Јункер го предупреди Џонсон дека сѐ уште содржи „проблематични точки“, рече претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по телефонскиот разговор со Џонсон. Јункер признава дека постојат „позитивни поместувања, особено во поглед на целосната усогласеност на прописити за сите стоки и контролата на стоките од Велика Британија кои влегуват во Северна Ирска“, наведува службата на претседателот на ЕК. Додал дека „сѐ уште постојат некои проблематични точки кои ќе бараат дополнителна работа следните денови, особено во поглед на бекстопот“.
Јункер ќе разговара со ирскиот премиер Лео Вардакар и „внимателно ќе го послуша неговиот став“, се прецизира во соопштението на ЕК. Вардакар, пак, оцени дека предлозите не ги исполнуваат во целост договорените цели, но и истакна дека ќе ги проучи и ќе се консултира со европските парнери.
Првата реакција на Европскиот парламент не е позитивна, рече претеникот Ги Верхофштад, кој претседава со комисијата задолжена за брегзитот.
„Таа не е позитивна, бидејќи мислиме дека предложениот предлог не ги дава потребните гаранции кои ѝ се потребни на Ирска“, рече Верхофштад по средбата со главниот преговарач на ЕУ за брегзитот, Мишел Барние.
Во с’ржта на новиот план е да се придржува до рамките од договорот на Велики петок 1998 година со кој се стави крај на тридецениското крваво насилство во Северна Ирска. Овој историски договор се темели на отворената граница на Ирскиот остров, и Британија, како што рече Џонсон, е „апсолутно решителна да го одржи“. Џонсон, сепак, предупреди дека доколку договорот со ЕУ доживее неуспех, нема да бара ново одложување на брегзитот.