Хуманитарен концерт за помош на погодените од поплавите во Србија и БиХ ќе се одржи вечерва, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Концеротот го организира Владата на Република Македонија.
На концертот ќе настапат голем број македонски естрадни ѕвезди, а картите се по симболична цена од 150 денари.
Средствата од хуманитарниот концерт, како и средства кои се планира да се соберат од театарските претстави ширум земјава, како и претставите што ќе се изведуваат во Македонската опера и балет, Македонската филхармонија, ќе бидат префрлени на посебна жиро сметка во „Борис Трајковски“, а потоа ќе им се предадат на поплавените во Србија и БиХ.