ТЕ-ТО го доби тендерот на БЕГ вреден 21,6 милиони евра

Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД-Скопје го доби тендерот за набавка на природен гас, распишан од Производство на топлина „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје.

Според податоците објавени на Електронскиот систем за Јавни набавки, станува збор за набавка на природен гас до 63.000.000 Nm3 за мерни станици на договорниот орган – Топлана Исток, Топлана Запад и Топлана 11 Октомври во Скопје.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 1.330.278.474 денари или околу 21,6 милиони евра, а се предвидува испораката да започне од 01.10.2019 и се планира да заврши 30.04.2020 година.