Тесна победа на Енада на парламентарните избори во Тунис

Умерената исламистичка партија Енада тесно победи на вчерашните парламентарни избори во Тунис, покажаа првичните резултати.

Според анкетата на Сигма советот објавена на државната телевизија, Енада освоила 17,5 проценти од гласовите, а со 15,8 проценти на второ место е партијата Срцето на Тунис на медиумскиот магнат Набил Карои, кој е во затвор поради обвиненија за перење пари и затајување данок.

Денеска се очекуваат официјалните резултати од изборите на кои гласале 41 проценти од избирачите.

Карои, исто така, ќе учествува и во вториот круг од претседателските избори на 3 октомври, а ривал ќе му биде професорот по право Каис Саед.