За една година трошоците на живот ни пораснале само за 0,3 отсто

Трошоците на животот во септември годинава, во споредба со септември лани, бележат пораст од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во септември годинава, пак, во однос на претходниот месец, бележат трошоците на живот се намалени за 0,6 отсто, а цените на мало за 1,4 отсто.

Намалување на индекситем во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, и другите коренести плодови за 3,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,8 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,9 отсто, другите прехранбени производи за 1,7 отсто, оризот за 0,8 отсто, брашното и другите житарици за 0,5 отсто, млекото, маслото и маснотиите за 0,3 отсто и јајцата за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20,2 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 10,5 отсто, услугите за сместување за 6,5 отсто, гасот за домаќинствата за 2,3 отсто, домашните миленици и сродни производи за 1,2 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, игрите, играчките и хобијата за 1,1 отсто, цврстите горива за домаќинствата, опремата за спорт и кампирање во природа за 0,9 отсто, конфекцијата за 0,7 отсто, дисковите, касетите, дискетите и друго.

Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 1,3 отсто, свежата и ладена риба за 0,6 отсто, другите пекарски производи за 0,5 отсто, месото за 0,4 отсто и јогуртот за 0,3 отсто.