
Доселениците во Финска од неодамна имаат бесплатни инструкции за возење велосипед за подобро да се вклопат во нацијата којашто го обожува ова превозно средство.
Во сонечево октомвриско утро осум студенти се одмораат од учењето на финскиот јазик, така што ќе учат да возат велосипед на празното паркиралиште во хелсинскиот кварт Сувилахти, пишува во репортажата AFP.
„Многумина кои доаѓаат во Финска, главно жените, немаат вештина на возење велосипед, а тоа е значаен дел од живеењето во оваа земја“, вели претседателот на финската велосипедска федерација, Федерико Ферара, кој го води проектот.
Повеќето од нив доаѓаат до северна Африја или од Блискиот исток.
„Многу од нашите корисници на возењето велосипед гледаат како на табу. Имено, или како деца паднале од него па им останала голема траума или во нивниот крај не било општествено или културолошки прифатливо да возат“, додава Ферара.
Групата од репортажата веќе имала неколку часа, па затоа вежбале возење меѓу поставени чунови. По првичното врткање по патеката, инструкторот Само Виитанен, решава дека групата е подготвена за следната фаза, а тоа е излегување на улица, во сообраќај.
Велосипедизмот во Финска е многу популарен. Повеќе од половината на населението на главниот град Хелсинки на работа оди со велосипед, барем еднаш седмично. Околу десет отсто „возат точак“ на работното место преку целата година, и покрај снеговите.
Вон градот возењето велосипед може да значи и водење независен живот. „Доколку сте во бегалски центра често тоа е ‘на крајот од светот’ и велосипедот е единствениот начин за превоз“, вели Ферара.
Тој и неговиот колега изминатите 18 месец научеле да возат 320 почетници. Проектот ги финансира финската државна лотарија.
„Прекрасно е да се вози велосипед и сега и јас тоа го можам“, вели Орхан кој пред седум години дошол во Финска од Турција.