![hemija nobelova nagrada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/hemija-nobelova-nagrada.jpg?resize=696%2C326&ssl=1)
Нобеловата награда за хемија за 2019 година е доделена на тројца научници за развој на литиум-јонски батерии.
Наградата им припадна на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акира Јошимо.
„Литиум-јонските батерии предизвикаа револуција во нашите животи и се користат во се, од мобилни телефони до лаптопи и електрични автомобили“, се вели во образложението на Нобеловиот комитет.
Со нивната работа, годинашните лауреати по хемија ги поставија темелите на бежично и општество без фосилно гориво.