
Иран е подготвен за одржување разговори со Саудиска Арабија, со или без посредници, порача во средата иранското министерство за надворешни работи, во пресрет на посетата на пакистанскиот премиер Имран Кан на Техеран.
На прашањето за медиумските извештаи дека пакистанскиот премиер Имран Кан, кој во Иран треба да да допатува следната седмица, би се обидел да посредува меѓу Техеран и Ријад, портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Абас Мусави рече дека „не запознает со какво и да е посредување“, пренесува иранската државна телевизија IRIB.
„Иран објави дека, со или без посредник, секогаш е подготвен да разговара со своите соседи, вклучително и Саудиска Арабија, за да се разрешат сите недоразбирања“, изјави Мусаваи.
Два високи фунцкионера на пакистанската влада потврдиле за агенцијата Reuters дека Кан, откако од него американскиот претседател Доналд Трамп побарал да помогне, патува во Иран за да се обиде да ги реши тензиите меѓу двете историски конкурентни регионални сили, шиитски Иран и сунитска Саудсика Арабија.
„Премиерот следната седмица ќе ја посети и Саудиска Арабија… Неговата мисија е да се обиде да ги отвори преговорите, или некој вид градење довербна за двете земји да за започнат некакви разговори“, рекол еден функционер под услов да остане неиуменуван, бидејќи не бил овластен да зборува за доверливи прашања.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф оваа седмица навести дека неговата земја би била подготвената да расправа за отворените регионални прашања со Саудиска Арабија, но Ријад мора да „престане да убива луѓе“, мислејќи на арапската сунитска коалиција предводена од Саудијците која интервенира во граѓанската војна во Јемен против побунетата шиитска заедница Хуту, која е сијузник на Техеран.
Саудиска Арабија индиректно е влкучена во неколку војни во регионот на Блискиот исторк во кои Иран е на спротивната страна. Исто така, го обвинува Техеран за напади врз саудиските нафтени постројки од 14-ти септември, што иранската страна го негира.
Саудиска Арабија, исто така, претходно седмицава најави дека е понаклонета на политичко отколку на воено решение.
Во саоопштението од саботата, пакистанското министерство за надворешни работи посетата на премиерот Кан на Техеран го најави како „дел од неговата иницијатива за поттикнување на мирот и безбедноста во регионот“. Кан во Техеран ќе се сретне со иранскиот врховен водач ајатолоахот Али Хамнеи и со претседателот Хасан Роухани, најави министерството.