
Пожар избувна изутринава во куќа во близина на Домот на градежници во центарот на Скопје, изјави за МИА, командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
– Во 8:37 часот е примена дојава за пожар во куќа во близина на Домот на градежници. Опожарени беа 20 квадратни метри во куќата. Пожарот го гаснеа 11 пожарникари со четири возила. Пожарот е изгаснат во 9:40 часот, рече Симоновски.
Посочи дека во моментот кога избувнал пожарот куќата била празна. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.