Обединета младина на Македонија ги повикуваат нивните членови да се приклучат кон обединетата десница

Почитувани,
Ние членовите на претседателството на ОММ (Обединета младина на Македонија при политичката партија Обединети за Македонија) целосно го поддржуваме нашиот претседател Михаил Новковски во неговото политичко делување и за нас сите негови одлуки се конечни и во кординација со лидерството на младината.
Нашата конзервативна идеологија е бесмртна! Кој ќе застрани од неа, не нема повеќе за свој сојузник!
Поради тие причини, го повикуваме членството да не потпаѓа на манипулациите на еден исклучен член кој има контакти со бугарски здруженија кои сомнително се финансирааат.
Претседателството и членството на ОММ целосно се приклучуваат на обединувањето на десницата и доследно ќе ја следат конзервативната идеологија која повеќе ја нема во нашата поранешна политичка партија.
Соопштение на членови на претседателството на Обединета младина за Македонија (Обединети за Македонија): Благојче Ристовски, Златко Стрезовски и Александар Станоевски, стои во соопштението на младите од Обединети за Македонија.