Филмско бегство на затвореник од Идризово

Затвореник, со повеќе тешки кривични дела, од казнено-поправната институци „Идризово“, денеска им побегнал на затворските чувари кога бил вреќана во установата од блонички преглед.

Од Министерството за внатрешни работи за НетПрес потврдија дека од страна на затворската полиција е пријавено дека во понеделникот претпладнето од полициско комбе побегнал затвореник. Полицијата е на местото на настанот и откако се известени од КПД „Идризово“ преземаат мерки за пронаоѓање на бегалецот.

Според досегашните информации, станува збор за 37-годишен затвореник кој бил пренесуван од повторно во затворот, откако бил враќан од редовен зравствен преглед.

Инаку станува збор за лице извршител на повеќе тешки дела. Така, во 2000 година е осуден за нанесување тешка телесна повреда, во 2007 година е осуден за убиство во обид, во 2010 година за учество во толпа што ќе спречи службено лице во тогашниот бунт во затворот во „Идризово“, во 2015 година насилство и загрозување на безбедноста на службено лице и предизвикување опште опасност, и во 2018 година, за криумчарење мигранти.

Непотврдени информации говорат дека инцидентот се одиграл кон скопската населба Автокоманда, а бегалецот наводно се упатил во правец кон Арачиново.

Според информациите, лицето издржува затворска казна од 7 години и 7 месеци. Тоа при враќање од болницата успеал да избега од затворските чувари. Затвореникот побарал да биде направена пауза на една бензинска станица за да може да оди во тоалет, а потоа успеал да побегне.